По смртта на ќерката пронашле писмо на кое пишувало: „Не отворај до 2023“
12- годишната Тејлор Смит, се радувала на растењето и иднината, па напишала писмо самата на себе,во кое напишала порака: „Не отворај до 2023 година.“
Никој не можел ни да знае што ќе се случи во иднина. Девојчето починало поради воспаление на белите дробови, а родителите по нејзината смрт го пронашле писмото, па го отвориле.
Тејлор самата на себе во писмото си напишала да биде храбра и во животот да чекори верувајќи во Бога.
-„Дали ја прочита Библијата, се молеше или одеше на миса? Ако не, тогаш зошто? Исус беше мачен и распнат поради тебе, најди време.“ - напишало девојчето.
-„Запиша ли факултет, 10 години претходно сакаше да бидеш адвокатка. Ти честитам на матурата. Живееш ли сама? Биди храбра!“ - пишувало во писмото.
Родителите на девојчето одлучиле да го објават писмото на социјалните мрежи за да можат сите да ја видат храброста на нивната ќерка, колку таа била посебна и важна.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична