По скандалот дојдено му е преку глава: Аца Лукас откри како ќе ја казни Соња
Медиумската фама околу кавгата меѓу Аца Лукас и неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ не се смирува веќе неколку дена, сѐ започнало откако таа го пријавила во полиција дека ја нападнал и претепал.
Лукас подоцна ги негираше овие тврдења, но во судот сепак призна дека ја тепал, иако вели дека тоа го изјавил само за да не добие притовр.
-„И кога некое женско ќе ме изнервира, не сметам дека тепањето е најголема казна за жената. Јас гарантирам дека тоа не е најголема казна, туку во прашање е нешто друго. Нешто што многу повеќе ги боли, а тоа е суетата. Е, сега ќе види како изгледа најголемата казна за жените. Ова не беше тепање и сметам дека таа не заслужува казна, но очигледно дека заслужува, а сега ќе ја казнам. Ќе ја казнам така што ќе ја удрам на суета, секако на финансии, ништо повеќе од законот. Бев многу великодушен и дарежлив. Сега колку што ја сакам, толку ја мразам, биејќи видов дека ми работи зад грб.“ - изјавил Лукас во една српска емисија.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот