-->
-->
По синоќешните нови инциденти на грчко –турската граница кај Еврос, утрово ситуацијата мирна
-->
По синоќешните инциденти, како и оние во текот на ноќта, утрово се смирени тензиите на грчко –турската граница кај Еврос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, групи бегалци и мигранти насобрани на турска територија и синоќа, но и во периодот од два и пол до четири часот утрово, со солзавци и камења се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да стигнат на грчка територија.
-Со помош на турските власти кои повторно фрлија солзавци, бегалците се обидоа да ја преминат оградата, но веднаш реагираа грчките, спречувајќи ги да влезат во грчка територија, пишува онлајн изданието на весникот „Та неа“.
-Како оградата, така и грчките сили останаа недопрени, а граничната линија непристапна, по овој нов организиран обид, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА и потсетува дека од полноќ е затворена копнената граница меѓу Грција и Турција, според одлуката од турското Министерство за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена почината британка на улица во Скопје
-
Под истрага 18 членови на „Беланоца – Барон“
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување