По серијата несреќи што ги доживеала, решила да го остври својот сон
Американската Меган Саливен за кусо време доживеала серија несреќни случки, но тоа не ја обесхрабило, туку напротив ја поттикнало да го промени животот и да го оставри својот сон.Имено, за период од само еден месец Меган паднала од 15 метри височна додека планинарела во Јосемити паркот, ја удрил автомобил и на крајот и бил дијагностициран рак на кожата.Но, тоа не ја обесхрабрило, па по заздравувањето од повредите и извршената операција на ракот, таа решила да го промени својот живот и тргнала на пат околу светот.
- Решив да го остварам својот сон и за само 13 дена да посетам седум светски чуда. Решив да го променам погледот на животот и да живеам во сегашниот момент, изјави Меган за весникот „Мешабл“.
По ова, таа заминала на пат и за 13 дена ги посетила Чичен Ица, Мачу Пикчу, кипот на Исус Христос во Рио, Арената во Рим, Петра, Таџ Махал и Кинескиот ѕид.Фотографиите од своите авантури таа ги објави на Инстаграм, со надеж дека нејзиното искуство ќе поттикне и други луѓе да го променат својот живот.
Ново на Сител
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна
-
Цела ноќ битка со стихиите кај Јажинце, денеска критично и кај Јасен
-
Славески: Без јасна поделба на универзитетите секое следно рангирање ќе носи фрустрации, не решенија
-
Кога студентите ќе ги добијат ваучерите од 250 евра за електронски уреди?
-
Проблемот со струшката депонија пред судот во Стразбур
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба