По пад од балкон 14 месечно бебе од Македонија загина во Италија
Голема трагедија му се случила на семејство од Македонија, кое живее во Италија. Како што информира 24 Инфо 14-месечно бебе паднало од балкон од втора крат во местото Понте Гардена во Италија.
Четиринаесетмесечниот Ајас Ибушоски во петокот во околу 19 часот паднал од балконот на вториот кат од зградата во која живееле. Бебето паднало од висина од околу десет метри пред влезот во зградата. Карабиниери, пожарникари, лекари и екипа за итни случаи интервенирале на самото место. Ајас веднаш бил качен во хеликоптер со кој бил пренесен во болницата во Болцано. Таму лекарите му пружиле прва помош, но повредите биле премногу сериозни, па детето со хеликоптер било транспортирано во Клиничкиот центар во Верона. Битката со времето била залудна, тамошниот медицински персонал и покрај сите напори не успеал да го спаси животот на Ајас.
Како што пишуваат италијанските медиуми најверојатно мајката ќе биде обвинета за негрижа зошто дозволила бебето само да биде на терасата.
Локалните власти ќе обезбедат и психолошка поддршка за семејството.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот