Македонија
5. February 2021 - 11:42

По над една деценија, АРМ доби нови подофицери

По 11 години Армијата доби нови подофицери. Од денеска, 65 професионални војници ќе го носат чинот водник на своите униформи, по завршувањето на обуката која почна во ноември. Свеченоста беше одржана во касарната „Илинден“, каде што на новите подофицери им се обрати министерката Шекеринска.

"Неоправдани 11 години пауза за добивање нова генерација подофицери", истакна Шекеринска, дополнувајќи дека со оваа промоција делумно се решава проблемот со непотполнети 500 подофицерски места во Армијата. За до крајот на годината се планира промовирање на уште 55 професионални војници во водници, по завршувањето на курсот кој за нив ќе почне на 22 февруари.

 

Горан Симоновски