-->
-->
По мала караница му извадил пиштол - Уапсен маж од Тетово
-->

Секторот за внатрешни работи од Тетово поднесе кривична пријава против 42- годишниот Р.М од село Камењане поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Вчера околу 16 и 45 часот, додека М.А. бил во својата механичарска работилница, забележал моторно возило „Фолксваген пасат“ кое се движело по зелената површина што ја одржувал.
М.А. му дал знак да застане по што пријавениот со пиштол му се заканил по животот, а потоа по меѓусебно туркање и влечење М.А. успеал да го одземе оружјето од пријавениот и го пријавил во полициската станица во Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Основниот суд Куманово одложено рочиштето за случајот Вангелица Илијевска
-

Анализа на американското разузнавање: Путин е порешителен од кога било досега
-

Захарова: Европа се движи кон самоуништување
-

При претрес во струмичко пронајдена марихуана
-

Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини
-

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар
-

Директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми си поднел оставка
