По автопатот Демир Капија - Смоквица ќе се вози од следниот месец
Се комплетира целосната документација за изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, со што ќе се заокружат потребните активности за негово пуштање во употреба, според најавата од Владата, до средината на следниот месец.
Од Јавното претпријатие за државни патишта информираат дека се извршени потребните техничките контроли на автопатската делница, каде е завршена електрификацијата и потребната сигнализација. До средината на месецов надзорот треба да ја достави документацијата.
Информација за состојбата со изградбата на автопатот беше разгледана синоќа на седница на Владата од каде информираа дека активностите на терен финализираат и оти оваа делница од автопатот ќе биде пуштена по 15 април.
Претходно беа завршени изградбата на контролниот центар и дислоцирањето на далекуводот на автопатот, поради кои со анекс на Договорот беше продолжен рокот за изградба.
Изградбата на автопатот, во должина од 28 километри, почна во септември 2012 година. Инвестицијата изнесува 218 милиони евра, пари обезбедени од грант од Европската комисија, заем од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, како и шест милиони евра од државниот буџет.
Новата автопатска делница се протега од излезот на Демир Капија преку селото Миравци, до Смоквица, каде што се поврзува со веќе постојниот автопат. Поминува надвор од демиркаписката клисура од десната страна на реката Вардар, низ благи кривини и угорнини.
Новиот автопат има две клучки кај Миравци и Смоквица, два тунела долги по 1.200 метри, шест моста со должина од 100 до 500 метри, шест потпатници и два натпатника. Ширината на сообраќајницата е 25,6 метри, со две ленти за возење, една за застанување и средишен зелен појас широк три метри.
Со него се заокружува со целосно автопатско решение Коридорот 10 на територијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК