-->
-->
По Арсенал и Ливерпул сега Барселона го бара Лемар
-->
Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона се уште го бара наследникот на Нејмар, кој изминатово лето прејде во Париз Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра.
Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека челните луѓе на Барселона повторно се фокусирани на ангажирање на младиот францускиот репрезентативец Томас Лемар.
Весникот тврди дека Барселона веќе испратила понуда до тимот на Монако, за ангажирање на Лемар, за кој голем интерес пројавија и англиските премиер лигаши Арсенал и Ливерпул.
21-годишниот Лемар изминатите денови беше поврзуван со трансфер во Лондон, за кој англиските медиуми тврдеа дека Арсен Венгер менаџерто на Арсенал е подготвен на својот млад сонародник да му понуди месечна плата од 200.000 фунти.
Според „Спорт“ тимот на Барселона дал повисока понуда од Арсенал, а претпоставката е дека Лемар би заработувал околу 250.000 фунти неделно доколку се пресели на „Камп Ноу“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години