-->
-->
По 70 години реновирана метеоролошката станица во Крива Паланка
-->

По 70 години од изградбата, метеоролошката станица во Крива Паланка е реновирана. Објектот денеска го посети министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
- Главната метеоролошка станица во Крива Паланка е дел од мрежата станици на Метеоролошкиот набљудувачки систем на Република Македонија. Овој објект важел за еден од најрепрезентативните, но 70 години бил оставен на забот на времето, а исправноста на инструментите беше загрозена, рече министерот.
Владата на РМ, истакна Николовски, обезбеди пет милиони денари за реновирање на станиците во Крива Паланка, Штип и Демир Капија, како и за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
