По 65 години повторно Лазарски песни низ Вевчани
Вевчанските Лазарки, по 65 години, утре по повод Лазарева сабота, повторно низ Вевчани ќе ги запеат Лазарските песни со желби за здравје, радост, бериќет, слога и љубов за сите, најавувајќи го доаѓањето на Христовото Воскресение – Велигден.
Лазарките, како што информмираат од КУД „Дримкол Вевчани, поделени во две тајфи, Горнамалски и Долнамалски, предводени од завељвачите и буљумбашите ќе го започнат обичајот во 08.30 часот од соборниот храм „Св. Никола“ - Горна Церков и низ средсело ќе тргнат за Горна маала и Долна маала, низ главните улици и во секоја малска улица ќе ја пеат песната - ...Пејте Лазарки по куќите, по куќите Вевчански полни, рамни, овде јунак Лазаре за женен, овде мома Лазаре за можен, овде дете Лазаре за керштен...
- Да се обнови една народна традиција која последно е забележана 1951 година и не е така лесна работа, не посебно денеска во време – невреме, но, наше е да се обидеме само колку да останеме верни чувари на Вевчанската култура и традиција и секогаш давајќи скромен придонес за колективното добро во населбата, велат организаторите.
Потенцираат дека КУД „Дримкол“ - Вевчани во своето досегашно постоење, реализирајќи големи и сериозни проекти од областа на народната култура, се докажа како сериозен субјект во Република Македонија во областа на зачувување на народната култура и традиција и нејзина промоција и презентација низ светот.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати