По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
Повеќе од 60 пливачи од земјава и од странство ќе учествуваат на годинашниот Илинденски пливачки маратон што по 45-ти пат утре ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачите на маратонот во должина од 2,5 километри ќе бидат поделени во две категории и тоа од 8 до 15 години и оние постари од 16 години, со старт од кај плажата Горица 1 во 10:30 за помладите и 11:30 часот за постарите пливачи.
Целта ќе биде на Кејот на Охридското Езеро кај Градското пристаниште во Охрид, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартот.
Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.
Инаку, Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Ново на Сител
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
-

За СДСМ судењето за Кочани е тест за зрелост, од ВМРО-ДПНЕ очекуваат правда
-

ВМРО-ДПМЕ ги повика судиите и јавните обвинители да си ги заработат платите, Филипче бара фокус на реформската агенда
-

Втора рунда интервјуа за нов претседател на Антикорупциска
-

Од следната недела ќе се плаќа 18% ДДВ за нарачките од странство до 22 евра
