Пленарни седници за гласање на реформските закони
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се гласаат закони од реформскиот пакет 3-6-9 на Владата, кои, според најавите се усогласени со опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија дека ќе ги поддржат.
Реформските закони, поддржани од опозицијата, ќе се гласат во пресрет на објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на земјата на 17 април.
Закажани се четири собраниски седници, кои беа ставени на агендата на собранието во вторникот по велигденските празници, а одложени за четврток.
На 34. седница е реформскиот закон за судовите, на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање, а закажана е и 22. седница со една заостаната точка, измени и дополнувања на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка.
Зажана е и 41. седница на која на дневен ред се измените и дополнување на Законот за оружјето, на Законот за ловството, на Законот за рибарство и аквакултура, сите во прво читање, дополнети предлози на законите за Оперативно - техничка агенција и на закон за следење на комуникациите, двата во второ читање, како и предлог одлуки и барања за автентични толкувања.
Некои од законите за коишто треба да се гласа на пленарна седница денеска треба да го минат и последниот комисиски филтер.
Ново на Сител
-
Туризмот, образованието и инфрастуктурата - фокус на соработка со Обединетите Арапски Емирати
-
Преглед на вестите од светот
-
ДКСК бара ревизија на законите за издавање лиценци
-
Панел дискусија: Борба против корупцијата - иновации против нелегалната моќ
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет