Платежната агенција бара кадровско засилување
Платежната агенција бара 69 нови вработувања и 29 унапредувања на постоечкиот кадар, соопшти денеска директорот Николче Бабовски по средбата со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Како што изјави Бабовски, за само два и пол месеца од Агенцијата поради ниски плати си отишле пет висококвалификувани кадри.
- Во Платежната агенција има професионалци кои се уште се со статус помлади соработници и изминатите години воопшто не биле унапредени. Тоа мора да се смени, истакна директорот.
Според министерот Николовски, веќе се создадени услови веднаш да се почне со нови вработувања во Агенцијата, но процесот ќе се одвива етапно, во фази.
- Од 2007 година се немало слух за одливот на кадри од Платежната агенција. Не може во институција каде што има голем број софтвери, бројот на вработени во ИТ- секторот да биде само три или четири, напомена Николовски, додавајќи дека за да се реши ваквиот проблем неопходни се измени во Законот за основањето на Платежната агенција.
Министерот рече и дека во однос на екипирањето на Агенцијата директни, недвосмислени и недипломотски укажувања имал и неодамна од Брисел.
Ново на Сител
-
Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами