Бизнис
4. December 2017 - 20:43

Платежната агенција бара 69 нови вработувања

Парите од европските фондови пропаѓаат поради тоа што нема кој да ги научи земјоделците како да ги искористат. Агенцијата за поттикнување на развојот на змејоделството нема доволно професионалци во областа, додека пак Платежната агенција е недоволно екипирана и постојано има одлив на кадри. Од друга страна има се поголем интерес кај земјоделците за парите од ИПАРД програмата.

За ова забелешка има и од Брисел. Затоа ќе има нови вработувања и унапредување на постоечкиот кадар велат надлежните.

За да се вработи потребниот кадар,министерот Николовски најави дека уште вечерва на Економскиот совет на Владата ќе бара поддршка.

Николовски информираше дека идната година во земјоделскиот буџет ќе влезат дополнителни 5 милиони евра од Јапонскиот компензациски фонд кои досега беа замрзнати. Но сепак посочи дека  на земјоделците им е неопходен соодветен гарантен фонд за предфинансирање.