Планот за замена на Обамакер може да остави 24 милиони Американци без здравствено осигурување
Предложената замена на законот за здравствена заштита, усвоен за време на владеењето на претходниот американски претседател Барак Обама би заштедила пари до 2026 година, но може да остави 24 милиони лица во САД без здравствено осигурување, нагласи во извештај Службата за буџет на Конгресот.
Според Службата, законот, кој го предложија републиканците, како замена за Обамакер би заштедил 337 милијарди долари државни трошоци меѓу 2017 и 2026 година. Тој сепак може да остави до 2018 година 14 милиони Американци без здравствено осигурување, а до 2026 година - 24 милиони.
Владата на Трамп ги отфрли оценките на Службата за буџет, а министерот за здравство и хуманитарни прашања, Томас Прајс изјави дека извештајот е „едноставно погрешен“ и нагласи дека во него не се земаат предвид ефектите на дополнителните законски мерки, преземени од републиканците и регулаторните измени, планирани од Владата.
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот