Планирани три прскања против комарци во летниот период во Делчево
Во Општина Делчево за летниот период планирани се три теристички прскања против комарци согласно Програмата за заштита и превенција на населението од вектор преносливи болести.
Како што изјави денеска Кире Цоневски, советник за заштита и спасување во Општина Делчево, земјените прскања ќе ги вршат стручни екипи од Центарот за јавно здравје од Скопје, кои деновиве биле избрани преку електронски тендер.
- Планирани се три прскања во рамки на Програмата, а по потреба ќе се организираат и повеќе вакви акции за дезинсекција и заштита на населението. Првото теристичко прскање е планирано за почетокот на јули при што ќе бидат опфатени критичните места на површина од 100 хектари. Планирани се прскања покрај реката Брегалница, по главните реонски улици, но и во руралните средини, рече Цоневски.
Тој додаде дека наредните две прскања ќе се организираат кон крајот на јули и почетокот на август.
Ново на Сител
-
13 физијатри и 8 физиотерапевти од Скопје од понеделник на работа во кочанската болница
-
25 години користење на родовите податоци за креирање инклузивни политики
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот