Планирана доградна и надградна на ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ново Село
Основното училиште „Тихомир Милошевски“ во Ново Село, општина Ѓорче Петров, според новиот план на Министерството за образование и наука, предвидено е да добие уште шест училници, училишна трпезарија и други помошни простории. Ова училиште се соочува со недоволен број училници што претставува голем проблем за нормално одвивање на наставата, која до неодамна се одвиваше и во три смени.
МОН планот за доградба и надградба на училиштето, го достави до општинскиот сектор за урбанизам на разгледување.
- Со реализација на овој проект, кој се очекува да започне со реализира во теков на годинава, несомнено ќе бидат подобрени условите за редовна и дополнителна настава, слободни и воннаставни ученички активности и дневен престој, во ова училиште во с. Ново село, руралниот дел од општината каде што во последно време има голема миграција на население и населбата е скоро дупло поголема од пред 15–тина години. Во ова училиште сега учат повеќе од 530 ученици. Со изградбата на дополните шет училници ќе се овозможи и кабинетска настава, изјави директорката Анета Божиновска.
Покрај новите училници и дополнителни простории ќе биде заменет и дел од ентериерот во училиштето.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Избори во Хрватска – Милановиќ фаворит за втор мандат
-
Teма на денот со Благојче Атанасовски, политиколог
-
Портокалов аларм за снежна бура во Македонија
-
Пратениците ѝ изгласаа недоверба на Илире Даути, но таа останува на функцијата
-
Газдите бараат работници, на доктори им се нуди минималец
-
Oткупот на тутун скоро при крај
-
Амбулантите се полнат, пикот на грипот се очекува кон крајот на месецот