Македонија
23. January 2018 - 9:01

Пламна зграда во Неготино поради неисчистен заеднички оџак

Пожар избувнал вчера во зграда во Неготино, поради неисчистен заеднички оџак, информира денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

- Пожарот настанал во стан на триесет и шестгодишен неготинец од станбената зграда на улицата „Маршал Тито“ и бил локализиран од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица од Неготино - соопшти Додевски.

Увид на местото на настанот, по овластување од Основното јавно обвинителство, извршила екипа од Полициската станица од општа надлежност Неготино.