Писмото до Тилерсон за истрага против Сорос, УСАИД и Бејли го потпиша Тед Круз, највлијателниот сенатор во САД

Писмото до американскиот Државен Секретар, Рекс Тилерсон за истрага против Џорџ Сорос, американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД) и амбасадорот во Македонија, Џес Бејли го потпиша највлијателниот американски Сенатор, Тед Круз.
Круз доаѓа од најголемата Сојузна Држава која ги поддржува Републиканците, Тексас, од каде што доаѓа и сегашниот Државен Секретар, Тилерсон.
Тој беше во фокусот на јавноста за време на претседателските избори во САД. Круз беше главниот противник на Трамп за време на внатрепартиските прелиминарни избори за кандидат на Републиканската партија.
Сенаторот од Тексас беше голем противник на претходниот американски претседател, Барак Обама. Во 2015 година го обвинуваше тогашниот претседател дека потпишувањето на интернационалниот нуклеарен договор со Иран ќе ги направи Обама и неговата администрација, лидери во светот по финансирање на радикалниот исламистички тероризам. Круз ја обвини администрацијата на Обама и за нападот во ноќниот клуб во Орландо, минатата година, посочувајќи дека напаѓачот бил на листата на потенцијални терористи на ФБИ, но власта не се занимавала со него.
Меѓутоа, иако со Трамп беа лути ривали за време на прелиминарните внатрепартиски избори, сепак Круз го поддржа за време на претседателската кампања, и неколку пати посочи дека е одлично што Трамп избира млади кадри во неговата администрација.

CORAL GABLES, FL - MARCH 10: Republican presidential candidates Donald Trump and Sen. Ted Cruz (R-TX), listen to the national anthem before the start of the CNN, Salem Media Group, The Washington Times Republican Presidential Primary Debate on the campus of the University of Miami on March 10, 2016 in Coral Gables, Florida. The candidates continue to campaign before the March 15th Florida primary.
Круз дипломирал во 1992 година на Универзитетот во Принстон, а потоа и на Харвард во 1995 година. Покрај многубројните раководечки позиции на кои што работел во неговата кариера, сенаторот од Тексас од 2004 до 2009 година бил и професор на Правниот Универзитет во Тексас.
Од 2012 година досега, Круз е Сенатор на Сојузната Држава Тексас.
Ново на Сител
-

Филипче ги повикува студентите, партиите и граѓанските организации да се обединат против влез на мигранти
-

Судиите и Судската администрација без плата за ноември, Синдикатот пред одлука за прекин на работата
-

Перински: Да се откочи Законот за локална самоуправа
-

Прокисна кровот на охридската гимназија
-

Струмица го одбележува празникот на заштитниците на градот, Светите 15 Тивериополски свештеномаченици
-

Преглед на вестите од светот
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
