Пијана повикала брза помош затоа што ја каснал комарец, настанал хаос па сега и се заканува казна затвор
Лекарите во брза помош во Полска, останале без зборови кога стигнале да помогнат на една 40-годишна жена на која наводно и се слошило во текот на ноќта, а се покажало дека ја каснал само обичен комарец.
Полјакинка повикала брза помош ноќта помеѓу неделата и понеделникот и инсистирала да дојде лекар бидејќи се чуствувала многу лошо. Кога екипата на брза помош пристигнала виделе дека не и е ништо, жената го покажала убодот од комарец на раката.
Кога одбиле да интервенираат поради тоа што не и било ништо таа станала агресивна, инсистирала да и укажат прва помош иако нема симптоми па дури и смртно им се заканувала и на полицајците кои подоцна пристигнале да ја смират.
Во полициската станица се воспоставило дека има околу 3 промили алкохол во крвта а убодот од комарец со сигурност ќе се памети долго, поради тоа што за нападот на екипата на брза помош и полицајците и се заканува казна затвор.
Ново на Сител
-
Почна дводневниот Енергетски форум МЕФ 2025
-
Евакуација од Израел
-
Војната се шири
-
Сиљановска Давкова и Радев на Самит во Тирана - Нема потврда за билатерална средба
-
Надзорна за Кочани
-
Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
-
Државата бара банки кои би ја финансирале изградбата на брзата пруга
-
Специјализации да се даваат по потреба, а не по желба за да немаме недостиг од одредени специјалности