Пијан гостин оставил голема напојница, а потоа молел да му ги вратат парите
Пијан гостин минал весела вечер во еден италијански ресторан во американската сојузна држава Колорадо, при тоа несебично делејќи им „дебели“ напојници на келнерите. Но, веќе следното утро зажалил поради тоа и се вратил во угостителсиот објект молејќи ги вработените да му ги вратат неговите пари.
Пијаниот гостин ги наградил келнерите од италијанскиот ресторан со илјада долари. Вработените бил пресреќни и одлучиле напојницата да си ја поделат меѓусебе.
Шефот на ресторанот исто така бил воодушевен од гостинот, но сепак бил нешто повнимателен, па ги советувал вработените се уште да не ги делат парите, туку да чекаат да помине еден ден.
Неговите стравувања се покажале како точни, бидејќи анонимниот гостин уште во утринските часови следниот ден зажалил за својата постапка и посрамен дошол во ресторанот молејќи да му ги вратат парите.
- Ниту за миг не размислувавме дали треба да му ги вратиме парите или не. Ни беше жал за вработените кои се радуваа на напокницата, но знаеме дека ја направивме вистинска работа со тпа што ги вративме парите, изјави сопственикот на ресторанот.
Парите му биле вратени на гостинот, а тој во знак на благодарност сепак оставил сто долари напојница и се извинил за целтата ситуација.
Ново на Сител
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија