Петта ротација на словачки полицајци во Македонија

Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка на 7-ми овој месец ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје.
Петтата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.
Словачките полицајци, како што се наведува во соопштението од Амбасадата на Словачка, ќе спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, со цел превенција во областа на јавната безбедност и неовластеното преминување на државната граница. Словачка полициска единица ќе биде повторно распоредена во областа на Дојранското езеро.
Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.
Република Словачка досега испрати вкупно 125 полициски службеници во Македонија што е најголем допринес по глава на жител од осумте странски држави кои учествуваат во заедничките операции во Република Македонија. Покрај досега испратените 125 полицајци на македонско – грчката граница, дополнителни 15 словачки полицајци моментално се распоредени на македонско – српската граница.
Помошта е израз на солидарност во решавањето на мигрантската криза и во контекстот на актуелното словачкото претседателство во Советот на ЕУ, каде еден од приоритетите е “одржлива мигрантска и азилска политика”.
Ново на Сител
-

Бран протести низ Бугарија: Како одговор на граѓанскиот гнев предлог-буџетот е повлечен, но притисокот за предвремени избори продолжува
-

Руте: Само Трамп може да го надмине ќорсокакот во војната во Украина
-

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка
-

1300 евра казна за камиони кои со кал на гумите се вклучувале во сообраќај од градилиште во Аеродром
-

Од 110.000 на 50.652 – бројката на регистрирани сообраќајни прекршоци преполовена за еден ден
-

Стевче Трпковски нов директор на „Дрисла“, Владимир Кроневски на „Градски паркинг“
-

Еве како се шверцуваат цигари во камиони на ГП Ново Село | ВИДЕО
-

Дечињата од кикбокс клубот Fight Gym M4 со 9 медали на „PHX CUP Germany 2025“
