Петта „Ролер трка 2016“ во Скопје
Петтата „Ролер трка 2016“ наречена „Возиме кон иднината“ ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот. Стартот ќе биде на булеварот „Илинден“, пред фонтаната на Градскиот парк, а ќе се вози до клучката на булеварот „Илинден“ со улицата „Никола Тесла“ или кај ЈП „Паркови и зеленило“.
Организатори на оваа спортска манифестација се Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Ќе учествуваат сите основни училишта од градот и околината со учесници од по 15 момчиња и 15 девојчиња, на возраст од петто до деветто одделение.
- Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување. Со унапредувањето на ролер спортот, градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, информира Детскиот културен центар „Карпош“.
На ролеријадата ќе бидат доделени по три награди за најуспешните ученици во машка и женска категорија.
Детскиот културен центар „Карпош“ информира дека лани во манифестацијата „Возиме кон иднината“ се вклучиле околу 700 учесници.
Ново на Сител
-
Лекарски прегледи во Трубарево по големиот пожар
-
Стручна комисија го испитува случајот со смртта на седумгодишното девојче во тетовската болница
-
Тошковски демантира дека убиената Росица барала помош преку СМС пораки од него
-
Ќе има одговорност за несобраното ѓубре во Скопје, кажа Мицкоски
-
Затворен Факултетот за бизнис и економија: МОН утврдило низа неправилности
-
Отишле да се сместат во дом, чекале ред повеќе од 12 часа – студентите бараат дигитализација на процесот на сместување во студентските домови
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода