Петмина повредени во верижен судар на стариот пат Тетово - Скопје
Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „Голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А.(74) од скопско Бојане, „Фолксфаген туран“ со тетовски таблици што го управувал тетовецот Ш.Г.(57) и „Опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од З.И.(29) од тетовско Ларце.
Во несреќата возачот на „Голфот“ С.А. се здобил со тешки телесни повреди - скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „Туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.
Ново на Сител
-
Сончево и потопло, попладне можен краткотраен дожд и грмежи
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините