Петмина повредени во верижен судар на стариот пат Тетово - Скопје
Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа на три возила што денеска околу 12:30 часот се случила на регионалниот пат Желино-Групчин, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според Јосифовски во сообраќајната несреќа учествувале „Голф “ со скопски регистерски таблици управуван од С.А.(74) од скопско Бојане, „Фолксфаген туран“ со тетовски таблици што го управувал тетовецот Ш.Г.(57) и „Опел“, исто така, со тетовски таблици управуван од З.И.(29) од тетовско Ларце.
Во несреќата возачот на „Голфот“ С.А. се здобил со тешки телесни повреди - скршеница на вратен пршлен и по укажаната помош во тетовската клиничка болница итно бил префрлен на скопските клиники. Двајцата други возачи и двајца сопатници од „Туранот“ завршиле со полесни повреди и биле пуштени на домашно лекување.
Екипа од СВР Тетово извршила комплетен увид и работи на утврдување на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка.
Ново на Сител
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол