Петкратниот убиец од геј клуб во САД се изјасни за виновен
Напаѓачот кој минатата година уби пет лица во ноќен клуб на ЛГБТ во Колорадо, се изјасни за виновен. Андерсон Ли Олдрич, кој се идентификува како небинарен, се изјасни за виновен по пет точки од обвинението за убиство од прв степен и 46 точки за обид за убиство од прв степен.
На 19 ноември минатата година, 23-годишниот Андерсон Ли Олдрич отвори оган од автоматска пушка во клубот Q во Колорадо Спрингс. Пукањето било прекинато од посетители на клубот кои го совладале напаѓачот додека не дошла полицијата. Петте жртви беа на возраст од 22 до 40 години.
Како дел од договорот за признавање вина со обвинителите, Олдрич ќе го помине остатокот од својот живот во затвор. Олдрич пред судот призна дека „намерно“ ги убил жртвите и дека направил „значајни чекори“ за да ги убие повредените во нападот, јавува Би-би-си.
По изјавата на напаѓачот, пред судот се обратија членови на семејствата на некои од жртвите. Меѓу нив беше и Сабрина Астон, мајка на убиениот шанкер Даниел Астон. „Никогаш нема да го простам грозоморното злосторство“, рече таа. Адријана Венс, чиј син Рејмонд Грин Венс загина во пукањето, рече дека Олдрич „не заслужува да продолжи понатаму“.
„Она што е важно сега е дека никогаш нема да го гледа сонцето како изгрева или заоѓа“, рече Венс.
Олдрич не покажа емоции додека семејствата ги даваа своите изјави, туку гледаше право напред. Во неодамнешното интервју за Асошиетед прес, Олдрич рече дека чувствува потреба да „преземе одговорност за она што се случило“. Во истото интервју тврди дека бил под дејство на „големо количество дрога“. Верзијата на Олдрич за настаните беше жестоко оспорена од членовите на семејството и обвинителите, кои забележаа дека доказите укажуваат на повеќемесечно планирање и предумисла.
Ново на Сител
-
Филипче повикува на средба
-
Тема на денот со проф. д-р Драган Данаиловски
-
Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
-
Сиљановска-Давкова ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим
-
Прославен денот на сесловенските просветители во Прилеп
-
Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД
-
Љупчо Димовски реизбран за претседател на СПМ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да ја преиспита улогата на Филипче