Петков: Лично не сум го видел планот на Франција за Северна Македонија
Бугарскиот премиер Кирил Петков изјави дека лично не го видел планот на Франција за посредување за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
– Планот на Франција, јас лично не сум видел ништо црно-бело, рече Петков во одговор на прашање на БНР.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков додаде дека Бугарија отсекогаш била отворена и подготвена да разговара со сите европски партнери доколку имаат значајни предлози, но тие мора да бидат во рамковната позиција на Бугарија. Што и да се направи, според Петков, мора да се потврди преку рамковниот став на Бугарија, а да помине и низ бугарскиот Парламент.
Кирил Петков оваа изјава ја даде на врвот Околчица каде што денеска Бугарија го одбележува Денот на Ботев, со сенародно поклонение и помен на поетот – револуционер Христо Ботев, кој загина пред 146 години. Заедно со премиерот Петков беше и лидерот на бугарските социјалисти и вицепремиер Корнелија Нинова.
Ново на Сител
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина