Петгодишно дете се бори за живот - Било прегазено со трактор
Пет и пол годишно дете од Порој било тешко повредено и се наоѓа во животна опасност откако синоќа околу 19 часот и 30 минути било прегазено од трактор „ИМТ 538“, пред неговата куќа во селото, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации, детето било донесено во Тетовската болница од неговиот татко А.М. (33) околу 20 часот од каде по укажаната лекарска помош итно е префрлено и задржано на скопските клиники и е во животна опасност.
Според кажувањето на таткото, додека тој бил внатре во куќата, детето го стартувало неговиот трактор што бил во брзина и кој се придвижил нанапред.
Од придвижувањето на тракторот детето загубило рамнотежа и по паѓањето било прегазено од задното лево тркало. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид на местото на паѓањето и повредувањето на детето и целосно ќе се расчистува случајот најави Јосифовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна