Петгодишно дете почина по вадење заб, додека трае истрагата стоматолошката ординација во Бурса е запечатена
Властите во турската провинција Бурса ја затворија стоматолошката клиника на еден месец и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното момче Дениз Сонмез, набргу откако тој беше на лекар.
Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес.
Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби. Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе.
И покрај се, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома.
Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат – момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостаток на кислород.
Надлежните ја запечатија болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството започна истрага.
Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата.
Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации