Петар Колев: Македонските Бугари да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија
Претседателот на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ, Петар Колев преку статус на неговиот Фејсбук профил повика Бугарите во Македонија да бидат вклучени во преговарачкиот процес со Бугарија.
„Гарантирање во Уставот на рамноправност на македонските Бугари, но и нејзино спроведување во реалноста е клучот кон решавање на отворените прашања. Убеден сум дека таков чекор ќе ја врати довербата, ќе даде нов импулс на односите. Тоа ќе ја отвори и можноста за вклучување на Бугарите во македонскиот државен систем, нивно претставништво во институциите на системот, зошто да не и нивно вклучување во преговарачкиот процес од македонска страна. Кој подобро би можел од македонските Бугари да ја убеди Софија дека нашата држава заслужува почеток на преговори?“, пишува Колев.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица