Пет лица повредени во сообраќајка помеѓу автобус и автомобил во Скопје

Тешка сообраќајка се случила во Скопје на 1 јануари помеѓу автобус и автомобил. Во незгодата повредени се 5 лица помеѓу кои и 16-годишник. Како што стои во соопштението од МВР:
„На 01.01.2021 во 17.55 часот било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „лаз“, управуван од В.П.(50) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Х.Х.(26) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.
Во незгодата сопатниците од возилото Ш.Х.(54) и С.Х.(19) се здобиле со тешки телесни повреди повреди, а возачот и сопатничка од возилото С.Х.(43), како и 16-годишен патник од автобусот со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
