Пет лица повредени во опожарена ТВ станица
Пет лица се повредени вчера кога група демонстранти влегле и ги запалиле просториите на ТВ станицата Интер во центарот на Киев, соопшти редакцијата на овој ТВ канал.
Во соопштението се наведува дека повредените се хоспитализирани и дека многумина вработени во редакцијата претрпеле шок и се здобиле со изгореници по лицето.
Украинската полиција уапси шест лица осомничени дека учествувале во нередите и нападот врз ТВ станицата, вклучувајќи учесници во борбите во Донбас, како и поранешни војници.
Претходно вчера околу 20 лица поставија шатори пред зградата на ТВ станицата и почнаа да извикуваат пароли, со кои ги обвинуваа нејзините новинари за проруски ставови.
Подоцна запалиле автомобилски гуми во близина на влезот, а петнаестина активисти упаднале во зградата и ја запалиле редакцијата.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена