Пет лица полесно повредени во четири сообраќајки вчера во Скопје
Вкупно седум сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачјето на град Скопје. Од нив три се со последици материјална штета, а во четири со полесни повреди се здобиле пет лица.
Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Триесет и три возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење се санкционирани, пет возачи се исклучени од сообраќај затоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а се санкционирани и 16 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.
Дваесет пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 78 возила.
Денеска Одделението за превенција при СВР во рамки на своите превентивни активности ќе реализира сообраќајна поука на тема- Безбедност на пешаците,на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ одделение во О.У Панајот Гиновски општина Бутел.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник