Песков: Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари своите цели

Судирот во Украина ќе заврши кога Русија ќе ги оствари целите што беа поставени за време на Специјалната воена операција, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично си ги постави. Повеќе би сакале да го решиме овој судир со политички и дипломатски средства. За тоа повеќепати сме зборувале, и руската страна останува отворена за овој пат, изјави Песков.
Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и оти ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина.
– Европејците ги поттикнуваат на сите можни начини, во уверување дека Украина може да го добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства, истакна Песков.
Според него, „уверувањето дека Украина може да победи на бојното поле претставува длабока заблуда“.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски за злоупотребите со ИПАРД: Има да одговараат од еден до последен
-

Државниот обвинител го повика Ѓорѓиевски да ги пријави злоупотребите во јавните претпријатија
-

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри
-

Во притвор мајката што го претепа 6-месечно бебе - За него ќе се грижи згрижувачко семејство
-

Застрелан ловџија во Конче, друг ловџија пукал во него од небрежност
-

Следната недела почнува судењето за „Пулс“, 15 обвинители ќе го водат предметот
-

Фетаи: Криминал, ДКСК и правосудство се најитните проблеми на кои треба да работиме
-

Мицкоски со најава за нови инвестиции
