-->
-->
Песков: Путин и Трамп се согласуваат дека е можно мирно решение за Украина
-->
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, „се согласиле дека конфликтот во Украина може да се реши по мирен пат“.
„Постои согласност дека ова решение е можно преку мирни преговори, но треба да ги чекаме резултатите од заедничката работа“, рече Песков.
Тој посочи дека Кремљ е „импресиониран“ од ставот на Трамп за ставање крај на војната во Украина, за разлика од позициите на претходната американска администрација.
Путин и Трамп вчера имаа телефонски разговор кој траеше речиси час и половина, при што се осврнаа на голем број важни теми како што се размената на руски и американски граѓани, решавање на ситуацијата во Украина и други меѓународни предизвици.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога се трошеле најмногу државни пари
-
Пожарот во „Пулс“ ја зеде 61-та жртва, почина пациентот кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото на Вања негира вмешаност во случајот
-
Тема на денот со Аким Али, претставник на СЗО на Македонија
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот во Пулс ја зеде 61-та жртва, почина пациент кој се лекуваше во Литванија
-
Таткото тврди дека не е виновен