Песков: Америка сака да види дека Киев сака мир за време на разговорите со Украина во Ријад
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со разговорите меѓу САД и Украина, кои треба да се одржат во Саудиска Арабија, изјави дека Вашингтон сака да види за време на овие разговори дека Киев сака мир.
Тој ги демантираше медиумските извештаи дека Русија и САД ќе разговараат во Саудиска Арабија оваа недела, пренесоа руските медиуми.
- Русија и САД се во почетната фаза на патот кон обновување на билатералните односи, овој пат ќе биде долг- оцени Песков.
Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп имале само еден телефонски разговор откако Трамп ја презеде функцијата.
Песков рече дека Путин и Трамп немаат чести телефонски контакти, но дека еден разговор, како што наведе, „бил доволно конструктивен за да бидат во дијалог и да ги решат проблемите“. Тој нагласи дека руската војска прави се за да го исчисти рускиот регион Курск од украински милитанти и дека не се сомнева дека тоа ќе успее.
Песков истакна дека се уште нема конкретни рокови за целосно ослободување на територијата на регионот Курск.
Тој нагласи дека насилството во Сирија ја загрижува Русија и наведе дека ова прашање треба итно да се разгледа, вклучително и пред Обединетите нации, за да се нормализира ситуацијата.
-Русија не ја коментира ситуацијата во врска со нејзините воени бази во Сирија- рече Песков.
Ново на Сител
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека нема доказ за инволвираност на таткото на Вања
-
Мицкоски: Исправена е неправдата, доделени национални признанија за врвни достигнувања во спортот
-
Маск: Жалам што некои објави за Трамп отидоа предалеку
-
Министерство за економија: Во првите два дена 1400 пријави до Агенцијата за вработување за мерката самовработување
-
Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава
-
Прв Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија во Скопје
-
Андоновски: Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа
-
Зајакнување на соработката меѓу армиите на Македонија и на Унгарија