Пешак прегазен на улица Македонија

На подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција вчера е извршен увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, а шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и двајца патници во автобус.
Се случила и една сообраќајка во 16 часот и 15 минути на ул. „Македонија“ во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак, граѓанин на Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот.
Од страна на сообраќајната полиција вчера откриени и санкционирани се 58 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, осум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, како и 26 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор. Санкционирани се и 11 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 81 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Денеска со почеток во 10 часот поранешните вработени на АД „Газела“ ќе одржат мирен протест пред зградата на Владата на Република Македонија.
Во 21 часот во арената „Борис Трајковски“ групата „Љубојна“ ќе одржи концерт, а со почеток во 17 часот и 45 минути во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и Спартак, Србија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на вонредните настани, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Повеќе од 70 родители на ученици од „Димо Хаџи Димов“ преку петиција бараат гаранции за хигиената
-

Стигнаа предлозите од Мицкоски - Муртезани ќе се разреши, Сали - вицерпемиер, Хоџа министер за животна средина
-

Берлински процес и реформска агенда: Парламентот клучен, имплементацијата на реформи слаба
-

Пензионери на протест пред Уставниот суд
-

Околу 200.000 граѓани не добија поврат на ДДВ, УЈП вели парите ќе им бидат исплатени без да каже кога
-

Синдикатот на Клинички не се согласува со најавите на министерот за прераспределба на медицински персонал
-

Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот
-

Годинава во Македонија регистрирани се 38 нови случаи со ХИВ/СИДА
