Пентагон: Русија продолжува да испраќа војници кон Украина
Во изминатите 24 часа Русија продолжи да испраќа дополнителни војници на украинско-белоруската граница, соопшти Пентагон.
Големите руски воени вежби во Белорусија придонесуваат за ескалација на тензиите околу Украина, соопшти вчера Белата куќа.
– Додека ги набљудуваме подготовките за овие воени вежби, повторуваме дека тоа секако придонесува за ескалација, а не за деескалација, истакна портпаролката на Белата куќа, Џен Саки.
Таа се осврна на маневрите „Сојузничка решителност-2022“, кои НАТО ги опиша како најголемо распоредување на руски војници во Белорусија од крајот на Студената војна. Вежбите се очекува да започнат денеска. САД почнаа да префрлаат кон Романија баталјон со борбени возила на пешадијата „Страјкер“ од составот на Вториот механизиран полк на американските вооружени, стациониран во Филсек, Германија.
Според американските власти, околу 1.000 војници на НАТО ќе бидат испратени во Романија.
Првите војници веќе пристигнаа во Романија, изјави командантот на полкот, полковник Џо Јурс. Тие ќе ги засилат 900-те американски војници кои се веќе стационирани таму. Околу 1.700 американски војници од 82. воздушнодесантна дивизија на американската армија заминуваат за Полска, од кои околу половина се веќе пристигнати, а се очекува да пристигнат уште во наредните денови, нагласи Кирби.
Велика Британија вети дека ќе испрати уште 350 војници во Полска, а веќе е испратено противтенковско оружје во Украина.
Американскиот конзулат во Полска се подготвува за евентуален прилив на американски граѓани кои ќе одлучат да ја напуштат Украина доколку Русија изврши инвазија. Американските трупи стационирани на полска територија разработија планови за итни случаи за да им помогнат на Американците да ја напуштат Полска во случај на руски напад, изјави неименуван портпарол на Белата куќа.
Ново на Сител
-
Официјално отворање на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген
-
ИЈЗ: Со внимателен избор на храна може да се ужива во празниците без здравствени ризици
-
Мицкоски: Кадровскиот потенцијал кој треба да го освежи Судскиот совет треба да биде со импозантна цел пред себе, но и институционална меморија зад себе
-
Украина го прекина транспортот на руски гас
-
Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025 година
-
Почнува примената на казнените одредби од Законот за нефер трговски практики, глоби до 20.000 евра
-
Во 2025 година пет продолжени викенди