Пентагон. Приходите на Исламска држава од нафта опаднаа на 15 милиони долари месечно

Бомбардирањата на меѓународната коалиција врз нафтените инсталации на групата Исламска држава од есента 2015 година за двојно ги намалија приходите од нафта на џихадистите, кои сега се проценуваат на околу 15 милиони долари месечно, пренесоа француските медиуми.
Операцијата со кодно име „Тајдел вејв 2“ („Приливен бран-2“) „продолжува да ги ограничува приходите што Исламска држава ги добива од својата нафтена и гасна активност“, изјави американскиот полковник Крис Гарвер, портпарол на коалицијата предводена од САД.
Според нејзини проценки, од почетокот на операцијата приходите на Исламска држава од нафта се намалени на половина, достигнувајќи ниво од околу 15 милиони долари месечно.
Операцијата „Тајдел вејв 2“ почна во текот на минатата есен, а цел на бомбардирањата се нафтените инсталации на Исламска држава.
Од почетокот на операцијата врз позиции на Исламска држава се изведени 193 воздушни напади, од кои последниот во понеделникот. Тогаш биле уништени шест нафтени извори.
Ново на Сител
-

Новогодишна елка ќе има, плоштадот ќе се украсува од понеделник
-

Вработените во министерството за економија и ДПИ не сметаат дека придонеле да се запали „Пулс”
-

Тема на денот со Трпе Стојановски, експерт за миграции
-

Судење за „Пулс“
-

Насилен упад во редакцијата на Инфомакс, напаѓачот е приведен, здруженија и партии бараат најстрога казна
-

Предлогот за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието
-

Филипче повика на обединување против мигранти
-

За да земаат поголеми плати, судии бараат од Уставен да ги укине намалените коефициенти за пресметка
