Преглед на вестите од светот
По нецели 12 месеци Падна бугарската влада. Кабинетот на Росен Жељасков поднесе оствака, непосредно пред парламентот да гласа за недовреба на Владата на предлог на опозицисиката колација Континуирани промени - Демократска Бугарија. Како мотиви за остваката, Жељасков ги наведе незадоволствто на народот и масовните антивладини протести што ја тресат Бугарија се недели.
„Владата денеска поднесува оставка. Нашата желба е да бидеме на нивото што го очекува општеството. Моќта произлегува од гласот и волјата на суверениот народ. Како што постојано наведуваме, го слушаме гласот на граѓаните кои протестираат против владата. И млади и стари гласаа за оставката. Оваа граѓанска енергија мора да се поддржи и охрабри.“
Протестите беа предизвикани од предлог-буџетот за 2026 година што предвидуваше зголемување на даноците и повисоки социјални придонеси, а потоа се проширија во пошироко незадоволство од економските политики на владата и неуспехот да се сузбие корупцијата. Транспаренси Интернешнл ја рангира Бугарија како втора најкорумпирана земја во ЕУ. Во Бугарија се протестираше и синока.
Илјадници граѓани излегоа на улиците на Софија и други градови. Демонстрантите користеа ласери за да ги проектираат зборовите „Оставка“, „Мафијата надвор“ и „За фер избори“ на зградата на парламентот.
„Очекувам оваа влада да си оди, да се одржат нови избори и верувам дека реакцијата на народот - самото издигнување на народот - ќе ги принуди да ги изберат вистинските демократски партии, а не корпулентните партии на ГЕРБ и ДПС. Нов почеток. Тоа е тоа.“
Неизвесно е дали по оставката на владата на Жељазков ќе бидат организирани нови предвремени избори, или ќе се прави нов обид за формирање мнозинство во парламентот. Бугарија од 1 јануари следната година ја очекува и влез во Еврозоната. Дел од граѓаните, некои опозициски партии, како и претседателот на државата Румен Радев се противат на воведувањето на еврото и бараа референдумско изјаснување, што беше одбиено од мнозинството.
Русија ги реши сите несогласувања околу Украина со САД по средбата на Путин со претсавникот на Трамп Витков во Москва на 2 декември, тврди Лавров. Шефот на руската дипломатија изјави дека Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија а ја обвини ЕУ дека го попречува мировниот процес за Украина и е заведена од илузии за победа над Русија.
-Никој во Европа дури и не ги споменува основните причини (на украинскиот конфликт) и бара само едно нешто - веднаш да се запрат борбените операции. Нашите разговори со претседателот на САД и неговиот тим се насочени токму кон ова - потрага по долгорочно решение за елиминирање на основните причини за оваа криза. Инсистираме на постигнување пакет договори за цврст, одржлив и долгорочен мир со гаранции за безбедност за сите вклучени страни, изјави Сергеј Лавров, министер за надвошрени работи на Русија.
Украина официјално го испрати својот одговор на мировниот план на САД до Белата куќа, но неговите детали засега не се јавно објавени. Според американскиот план, Украина треба да да и отстапи одредена теритрија на Русија, да се откаже од членство во НАТО и да ја ограничи големината на својата армија. За возврат, Русија би се обврзала да се воздржи од понатамошни напади врз Украиана.
Украинскоот раководство предводено од претседтаелот Зеленски претходно исклучи можост за територијални отстапки.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
