Пенс: САД остануваат со балтичките држави
Американскиот вицепретседател Мајк Пенс денеска во Талин изјави дека одлуката на Москва за намалување на бројот на американски дипломати во Русија нема да го ослабне ангажманот на Вашингтон за безбедноста на сојузниците.
- Се надеваме дека ќе дојдат подобри денови, ќе имаме подобри односи со Русија, но последниот дипломатски чекор на Москва нема да го попречи ангажманот на САД за нивната безбедност, за безбедноста на сојузниците и на сите слободољубиви држави во светот, истакна Пенс по средбата со претседателите на трите балтички држави.
Тој наведе дека носи „една едноставна порака од претседателот Трамп: Ние сме со вас“.
- Знам дека НАТО е неопходно сега од кога било по падот на комунизмот пред четврт век. Нема посериозна закана за балтичките земји од заканата од агресија од страна на источниот сосед, истакна Пенс.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја
-
Речиси 64 илјади му требаат на четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби, пресмета ССМ