Пендаровски со указ го назначи Фрчковски за амбасадор во ОН во Њујорк
Претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.
Уште во јуни минатата година Министерството за надворешни работи побара од надлежната комисија во Собранието на Република Северна Македонија да закаже седница за презентација на тезите на кандидатот, согласно воспоставената пракса.
Пред еден месец Министерството за надворешни работи упати втора замолница до истата комисија, но претседателот на комисијата повторно одби да закаже седница, по што претседателот Пендаровски го потпиша указот, затоа што сите законски услови беа исполнети.
Имено, постапката за именување амбасадор завршува со одбраната на тезите на кандидатот пред колегиумот на Министерството за надворешни работи, а тоа Фрчкоски го има направено уште минатата година.
Индикативно е што во изминативе десетина месеци, на осум кандидати за амбасадори им беше овозможено да ги презентираат своите тези пред собраниската комисија, само за кандидатот за амбасадор при нашата мисија во Обединетите Нации таква седница воопшто не беше закажана.
Иван Кузмановски
Ново на Сител
-
ДИК разгледуваше приговори за лично избирачко право и за гласање во домашни услови, нема се гласа во затворениот старски дом „Арија“
-
Трамп можеби ќе им ги одземе на американските градови натпреварите од СП 2026 година поради проблеми со криминалот
-
Кривична пријава за лице од Велешта за нелегално изградена куќа во близина на далновод
-
Лекар нападнат во тетовската болница
-
Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари
-
Трамп: Ако Хамас не го предаде оружјето, ние ќе ги разоружаме
-
Грчките супермаркети ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата
-
Ѕвездено небо во чест на Панчо утревечер на плоштадот во Штип