Пендаровски се обрати на почетокот на новата академска година на Меѓународниот балкански универзитет
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свеченото отворање на академската 2023/2024 година на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.
Како што информира Кабинетот на претседателот Пендаровски, шефот на државата нагласил дека Меѓународниот балкански универзитет во Скопје од своето основање во 2006 година до денес постојано се развива. Има зголемување на бројот на факултети, истражувачки центри и студиски програми што им ги нуди на своите студенти, како и наставно-научен кадар од различни профили.
Според Пендаровски, посебна додадена вредност на оваа институција е што наставата се одвива на повеќе јазици.
Пендаровски посочил на новиот Стоматолошко-едукативен здравствен центар кој, како што рекол, според своите капацитети е најголем не само кај нас, туку и во целиот регион.
- Стоматологијата е исклучително динамична област кое постојано се развива со напредокот на материјалите и технолошките процедури, а преку отворањето на еден ваков современ центар студентите ќе имаат можност да ги изучуваат и применуваат најновите техничко-технолошки достигнувања на тој план, нагласил Пендаровски.
На студентите им порачал дека пред нив се најубавите години и дека нивното знаење е неопходно за развојот на државата.
- Мојот совет е да не ги разбирате испитите и студирањето само како обврска која треба што побрзо и полесно да ја завршите. Трудете се да стекнете што повеќе знаења за утре да бидете конкурентни не само на домашниот пазар на трудот, туку било каде во Европа и светот. Вашето знаење, заедно со младешката енергија и ентузијазам кои ги носите во себе се апсолутно неопходни за развојот на нашата заедничка држава во светот кој станува се поконкурентен, истакнал Пенадровски.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот