Македонија
21. December 2021 - 17:32

Пендаровски: Помилувања во принцип мора да има

Помилувања во принцип мора да има затоа што секојпат има барања, е сега теоретски кажано, може да се добијат 30 или 50 предлози, а да не се прифати ниту еден, порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски.

На новинарско прашање околу тоа дали мора да има помилувања на затвореници, Пендаровски истакна дека во текот на годината има 5-6 т.н. помилувања, додека пак две се задолжителни кои се нарекуваат празнични или колективни по повод Нова година и 2 Август.

Пендаровски појасни дека помилувањата поминуваат преку неколку нивоа пред да стигнат до Претседателот.

Вели дека помилувањата ги предлагаат Управите на затворите до Министерството за правда, од каде се препраќаат кон постојаната Комисија во Кабинетот на Претседателот, од каде потоа одат кај Претседателот.

– Сосема е независно какви се претходните одлуки на Управата на затворот, што предлагаат тие… Независно што предлага Министерството за правда и независно што предлага мојата комисија во Кабинетот – јас можам да одлучам како сакам. Можам да прифатам, а можам и да одбијам, изјави денеска Пендаровски.

Додаде дека не е врзан, како што рече, со тоа што тие ми го предлагаат. 

Ново на Сител