Пендаровски покровител на повеќе чествувања за Илинден
По повод чествувањето на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката под покровителство на претседателот Стево Пендаровски се предвидени повеќе активности, а централната манифестација ќе се одржи на платото во Кабинетот на шефот на државата.
На манифестацијата ќе се обрати претседателот Пендаровски, а ќе бидат доделени одликувањата Орден на Република Северна Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.
-Со Орден на Република Северна Македонија, постхумно ќе биде одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество. Со Орден за воени заслуги, постхумно ќе биде одликувана Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.
Со Медал за храброст, пак, ќе бидат одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дaфинка Богоева.
-Осуммината се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата, велат од кабинетот на шефот на државата.

Според програмата, предвидено е претседателот Пендаровски да положи цвеќе на Споменикот на паднатите борци од НОБ во Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел и да се поклони на гробовите на првиот претседател Киро Глигоров, на генерал Михајло Апостолски, и на претседателот Борис Трајковски.
Делегации од Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод празникот ќе положат цвеќе на повеќе споменици. Во Скопје, делегација од Кабинетот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена-борец“, на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и на споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштад „Македонија“. Во Крушево, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и на Мечкин Камен. Во Пелинце, делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ. Во Смилево, делегација ќе положи цвеќе на Могилата на Даме Груев, на споменикот на смилевските илинденци и на спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.
Ново на Сител
-

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација
-

Кој стои зад обидите да се изигра спортската јавност? Кикбокс Маитаи федерацијата со жесток одговор
-

Астрономски цени на недвижности во Србија - 10.000 евра за квадрат во „Белград на вода“, гаражно место 66.000 евра
-

Изминатите четири дена приведени седум лица за безобзирно управување на возило, 2415 сообраќајни прекршоци
-

Австралија: И „Амазон твич“ забранет за лица под 16 години, „Пинтерест“ ја избегна забраната
-

Мицкоски од Тирана: Остануваме решително ориентирани кон европските интеграции и регионалната соработка
-

Британија открива мрежи за перење пари кои ја поврзуваат земјата со Русија
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 година е развоен, секоја ставка е внимателно проектирана
