Спорт плус
21. November 2025 - 12:26

Светски мегдан за македонската кикбокс сениорска репрезентација

Од 21 до 30 ноември  македонската сениорска кикбокс репрезентација ќе настапи на ВАКО светското кикбокс првенство за сениори и ветерани во Абу Даби, ОАЕ. 
Нашата земја ќе настапи со 8 натпреварувачи во 9 натпреварувачки влезови. Репрезентацијата ја предводи селекторот Дејан Митровски - Урко и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски, а во составот влегоа Бобан Илиоски, Силвио Мировски, Лука Ќипровски, Максим Митровски, Нелсон Узеир,  Петре Велков, Стефан Михајловски и Климент Грозданоски.

На светското првенство учество ќе земат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет. 

“Нашата репрезентација е супер подготвена и е составена од искусни и квалитетни борци, дел од најуспешните и докажани и дел од најѓладите сениори кој за првпат ке настапат на сениорско светско првенство. Од нив шест ќе настапат на ринг и двајца на татами борилиштата. Конкуренцијата е огромна, секој натпреварувач во својата категорија ке има од 13 до 28 противници.  Ни претсојат тешки борби, но подготвеноста, квалитетот и мотивацијата во нашата репрезентација е голема и како и секогаш ќе атакуваме на светските медали.
Очекувам убав пат, успешно мерење и добар ждреб, а потоа да покажеме што знаеме и можеме. Им посакувам среќа и успех на сите натпреварувачи и борби без повреди.“ - изјави Дејан Митровски - Урко, претседател на Кикбокс Маитаи ферација на Македонија