Пендаровски: Нема да прогласам нова вонредна состојба
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на јавноста по повод продолжување на вонредната состојба.
„Познато е дека сите претходни вонредни состојби ги прогласив заради потребата во отсуство на парламентот. Претсетаделот на државата може и без барање на Владата да прогласи вонредна состојба, меѓутоа тоа никогаш не го направив бидејќи сум уверен дека во ниту еден политички контекст една институција не смее да ги изолира останатите институции при носењето на важни одлуки. Затоа имајќи ги во предвид причините заради кои ги прогласував претходните вонредни состојби сметам дека нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Според информациите од Владата се обезбедени доволно медицинска опрема и заштитна опрема и донесени се економски мерки за поддршка на националната економија за кои постои покритие во буџетот. Во прилог на тоа говори и тоа дека Владата не достави формално барање за прогласување на нова вонредна состојба“ кажа претседателот на државата Стево Пендаровски.
Ново на Сител
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за унгарскиот кредит, сумата ќе надмине 250 милиони евра
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Паднов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените