Пендаровски: Не сум добил предлози од владините партнери за амбасадорските места во Брисел и Вашингтон
Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва во Тема на денот на Сител рече дека досега нема добиено предлог од владините коалициски партнери за пополнување на амбасадорските места во Вашингтон и во Брисел.
Пендаровски се надева дека разговорите меѓу владините партнери се во завршна фаза.
-Според мои информации, веќе се почнати разговорите меѓу владините коалициски партнери за пополнување на амбасадорските места во Вашингтон и Брисел. Се надевам дека преговорите се во завршна фаза. Тие потоа треба да излезат со предлог и да видиме дали јас ќе се согласам. Но, до сега за Брисел и Вашинготн немам добиено име, рече Пендаровски и додаде дека за Фрчкоски не е потврдено дека бил одбиен од САД за амбасадорското место во Вашинготн.
Шефот на државата информира и дека на Ненад Колев му е одложено заминувањето на амбасадорското место во Москва поради руско-украинската криза, иако требал да ја преземе должноста на 1 март.
-Брзо очекувам и Комисијата во Собрание да ја заврши својата работа и ако можеме за месец – месец и половина од сега да ја испратиме Агнеза Руси за амбасадор во Софија. Досегашниот наш амбасадор при ЕУ, Руси, професионален дипломат од МНР, треба а биде наш амбасадор во Бугарија. Тоа место, во Брисел се испразнува и многу е битно побрзо да имаме човек таму, во ЕУ, потенцира претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски