Пендаровски: Не гледам простор како што одиме кон техничка влада дека ќе се направи политичка клима за уставни промени
Не гледам простор наредниве месеци, како што одиме кон техничка влада која треба да стартува на 28 јануари, дека ќе се направи политичка клима во која ќе изгласате со две третини уставни промени. Не само за тоа прашање со Бугарите, генерално за кое било прашање, вели претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пендаровски, во изјава за медиумите, по неговото учество на „Отворениот форум за антикорупција“ што се одржува денеска во Скопје, посочи дека пред година и половина, рекол дека реалните политички шанси да се изгласат уставните промени се минимални, знаејќи ги, како што посочи јавно декларираните ставови на опозицијата која, според него, без аргументи е влезена во таа работа.
- Ме прогласуваа за евроскептик или дури некои велеа дека сум се откажал од европскиот пат. Јас само ја декларирам реалноста, како што ја гледам, како што ја гледаат македонските граѓани.
Според Пендаровски, како што ќе одиме во наредниов период кон изборите и кон техничка влада, ќе биде се потешко власта и опозицијата да направат политички консензус, без разлика што ќе бидат во иста техничка влада од јануари натаму.
- Ништо, ќе чекаме следна влада, следен парламент, кој ќе треба многу сериозно да го земе во предвид ова прашање. И ќе биде интересно тогаш да се види ако воопшто има промена на власта како ќе реагира сегашната опозиција, евентуално утрешната власт, кога ќе треба да ги моли денешната власт утрешната опозиција да гласаат со две третини, изјави Пендаровски.
Ново на Сител
-

Уапсен возачот кој усмрти велопедист кај мостот Гоце Делчев
-

Приведени тројца турски државјани за криумчарење мигрант
-

Хаќим Рамадани: Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании
-

Пронајдена граната од Првата светска војна во с.Отешево
-

САД не планираат нуклеарни експлозии, вели министерот за енергетика
-

Кина ги негира тврдењата на Трамп за нуклеарните тестови
-

Кривична за 49-годишен тетовец, преку социјални мрежи упатувал закани кон новинарка
-

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа
